САД со страшен дрим-тим ќе атакува на ново злато на Олимписките игри во Париз

Кошаркарската федерација на САД го објави поширокиот список од 41 кошаркар кои ќе конкурираат за настап на Олимписките игри во Париз и на него се наоѓаат најдобрите играчи и најголеми ѕвезди во НБА-лигата.

По Светското првенство кое се одржа минатата година, на кое репрезентацијата на САД го освои четвртото место, што беше окарактеризирано како неуспех, Федерацијата и НБА-ѕвездите се мобилизираа и најавија атак на освојување на златниот медал на ОИ во Париз кои ќе се одржат налето.

Листата на имиња ја предводат: Леброн Џејмс, Стеф Кари, Кевин Дурант, Кавај Ленард, Џејсон Тејтум, Џоел Ембид, Џејмс Харден, Џими Батлер.

Поширок список на САД за настап на ОИ во Париз: Бам Адебајо, Џарет Ален, Паоло Банкеро, Дезмонд Бејн, Скоти Барнс, Мајкл Бриџис, Џејлен Браун, Џејлен Бронсон, Џими Батлер, Алекс Карузо, Стеф Кари, Ентони Дејвис, Кевин Дурант, Ентони Едвардс, Џоел Ембид, Деарон Фокс, Пол Џорџ, Арон Гордон, Тајрис Халибартон, Џејмс Харден, Џош Харт, Тајлер Хироу, Џру Холидеј, Чет Холмгрен, Брандон Инграм, Кајри Ирвинг, Џарен Џексон јуниор, Леброн Џејмс, Кем Џонсон, Вокер Кеслер, Кавај Ленард, Демијан Лилард, Донован Мичел, Крис Пол, Боби Портис, Остин Ривс, Данкан Робинсон, Џејсон Тејтум, Дерик Вајт, Тре Јанг.

Селекцијата на САД триумфира на последните ОИ кои се одржаа во 2021 година во Токио, а славеа и на ОИ 2016, 2012 и 2008 како и во 2000, 1996 и 1992 откако на кошаркарскиот турнир играат НБА-ѕвездите. Единствено во 2004 година Аргентина го освои златниот медал, додека САД мораше да се задоволи со бронзата.

- Оглас -

Најнови вести