Реал Мадрид ги чува ѕвездите, нов договор и откупна клаузула од милијарда евра за уште еден фудбалер

Реал Мадрид го продолжи договорот со дефанзивецот Едер Милитао до 30 јуни 2028 година, објави Кралскиот клуб.

Финансиските детали од договорот не се објавени, но шпанските медиуми пишуваат дека откупната клаузула изнесува милијарда евра.

Едер Милитао во 2019 година пристигна во Реал Мадрид од Порто и за Кралевите одигра 143 натпревари и постигна 11 гола и освои девет трофеи, три во шпанскиот Супер куп, два во Ла Лига и по еден трофеј во Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА, Кралскиот куп и на Светското клупско првенство.

Милитао поради повреда на вкрстените лигаменти на коленото го пропушти првиот дел од сезоната, но се очекува во финишот од сезоната да се врати на терените.
Бразилецот е петтиот фудбалер кој во изминатите неколку месеци потпиша нови договори со Винисиус жуниор, Едуардо Камавинга, Родриго и Феде Валверде.

- Оглас -

Најнови вести