Дали ВАР-собата му помогна на Реал Мадрид и на Ел Класико: Нема пенал, тука и завршивме со тоа

Дуелот меѓу Реал Мадрид и Алмерија на кој Кралевите славеа со 3:2 предизвика бура во шпанскиот фудбал, започна „војна“ на релација Мадрид – Барселона, а сега медиумите долеаја масло на огнот.

Медиумите успеаја да дојдат до разговорот меѓу главниот судија, кој ја делеше правдата на мечот кој се играше во октомври минатата година меѓу Барселона и Реал Мадрид (1:2), и судијата во ВАР-собата.

Во фокусот беше дуелот меѓу Орелијан Чуамени и Роналд Араухо кога играчот на Реал Мадрид со две раце го држеше дефанзивецот на Барселона и не му овозможи да дојде до топката, но судијата не досуди пенал за каталонскиот тим.

„Сè на сè, тој го допира, го пушта и скока без негова помош. За мене, тука нема пенал. Завршивме со тоа Хесус. Ги става рацете на него, но тоа никогаш, никогаш не е пенал“, му зборува судијата во ВАР-собата, Гиљермо Фернандес, на главниот судија Хесус Хил Манцано.

Фернандес дури го оневозможил судијата на теренот Хил Манцано да го погледне спорниот момент и со тоа ја оштетил Барселона за пенал, која во тој период водеше со 1:0. На крајот Реал Мадрид победи со 2:1.

Спорниот момент од Ел класико може да го погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести