Реал Мадрид оствари најголеми приходи за минатата сезона, објави консултантската компанија „Делојт“. Кралевите минатата сезона оствариле вкупни приходи во висина од 831,4 милионин евра и по пауза од шест години, се вратија на врвот на листата на „Делојт“.
Веднаш зад Реал Мадрид се наоѓа актуелниот европски и англиски шампион Манчестер сити со приходи од 826 милиони евра.
Границата од 800 милиони евра заработка ја надминаа само уште два тима, ПСЖ со речиси 802 милиони и Барселона со 800,1 милиони евра.
По нив следуваат: Манчестер јунајтед со 745,8 милиони, Баерн Минхен со 744 милиони, Ливерпул со 682,9 милиони, Тотенхем со 631,5 милиони, Челзи со 589,4 милиони и Арсенал со 532,6 милиони евра.