Сите поранешни југословенски републики учествуваа на Европското ракометно првенство во Германија. Најдалеку стигна Словенија, која го освои шестото место, Хрватска беше елиминирана во втората фаза, а Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина настапот го завршија во групната фаза. Сепак, трофејниот тренер, Веселин Вујовиќ вели дека доколку на првенството би играла Југославија, а не шест репрезентации, би била неприкосновена.
„Замислете да настауваше Југославија на Европското првенство. Знаете како ќе поминеа Франција и Данска? Каква југословенска лига би било тоа и каква репрезентација. Јас сум југоносталгичар и сите тоа го знаат. Зошто еден Шпанец кој е роден во Баскија, Галиција или Каталонија се чувствува исто, а јас, кој сум роден во една држава, морам да покажувам пасош кога одам во Хрватска, Босна или Македонија. Зошто тоа нам ни се случи само Бог знае, но јас се чувствувам како дома и во Сараево, и на Цетиње, и во Скопје и во Љубљана“, вели Вујовуиќ на телевизиско гостување.