Седумкратниот првак во Формула 1, Луис Хамилтон, во наредната 2025 година прави сензационален трансфер од Мерцедес во Ферари.
Не само што преговорите биле во тек, туку наводно се и во завршна фаза, па Хамилтон би можело да потпише најдоцна до крајот на неделава и в година ќе го вози црвениот болид на италијанскиот тим.
Годинава за Ферари ќе возат Шарл Леклер и Карлос Сајнс, а за Шпанецот ова би било последна година во Црното коњче.
Интересот на Ферари за Хамилтон е стар, но Британецот одбиваше да си замине од Мерцедес, кој му нудеше подобри услови.
Тото Волф денеска ќе го собере целиот тим на Мерцедес за да им соопшти дека Хамилтон оди во Ферари, наскоро се чека официјална потврда на мегатрансферот.