Баерн Минхен доведе засилување кое предизвика конфузија откако го доби дресот со бројот 9

Во последните часови од зимскиот преоден рок во Европа, Баерн Минхен комплетира еден трансфер. Германскиот гигант во своите редови го доведе Јонах Куси-Асар. Се работи за талентиран 16-годишен фудбалер, кој веќе подолг период беше на цел на Баерн Минхен.

Преговорите биле тензични, но сепак на крајот тимот на АИК Стокхолм ја прифати понудата од 4,5 милиони евра ,плус два милиони евра во бонуси, за да го продаде талентираниот тинејџер.

Посебен интерес предизвика и фактот дека Куси-Асар на промоцијата го доби дресот со бројот 9, кој оваа сезона е резервиран за Хари Кејн. Англискиот голгетер дојде на „Алијанц арената“ на почетокот од сезонава, па збунувачки делуваше фактот дека тинејџерот ја има „деветката“.

Сепак, се работи за тоа што Куси-Асар ќе ја носи „деветката“ во вториот тим на Баерн Минхен и за јуниорската екипа, каде што ќе настапува додека не се докаже за да заигра во сениорскиот состав на најтрофејниот германски клуб.

- Оглас -

Најнови вести