Засилување за кое Јунајтед плати 75 милиони евра го собори рекордот на Роналдо

Данскиот репрезентативец Расмус Хојлунд, кој минатото лето од Аталанта во трансфер вреден 75 милиони евра се пресели во Манчестер јунајтед, иако имаше слаб старт во Премиер лигата, сега успеа да собори рекорд кој беше во сопственост на Кристијано Роналдо.

Хојлунд во синоќешната победа на Манчестер јунајтед на гостувањето кај Вулверхамптон од 4:3 му асистираше на Маркус Рашфорд за првиот гол на Црвените ѓаволи, а потоа го постигна и вториот гол за својот тим.

Со тоа, Хојлунд со 20 години и 362 дена стана најмладиот играч во историјата на Јунајтед кој постигнал гол и имал асистенција на два натпревари по ред во Премиер лигата.

Расмус Хојлунд досега сезонава постигна девет гола во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести