Репрезентациите на Катар и Иран се последните полуфиналисти на Азискиот фудбалски куп. Тие меѓусебе ќе играат за пласман во големото финале, откако во неизвесни завршници и двете репрезентации дојдоа до победите над Јапонија, односно Узбекистан.
Иран со гол од пенал во 96-тата минута дојде до пресврт-победа над Јапонија, додека домаќинот Катар дури после изведувањето на пеналите го елиминира Узбекистан, откако во регуларниот дел и после продолженијата немаше победник, односно беше 1-1.
Второто полуфинале на Азискиот куп го сочинуваат репрезентациите на Јордан и Јужна Кореја.