Анчелоти со една реченица ги „утепа“ Лапорта и Чави

Реал Мадрид испушти победа против градскиот ривал Атлетико откако прими гол во 90+3 минута, па градското дерби на крајот заврши 1:1. По дуелот, Кралскиот клуб згрме дека е оштетен од главниот судија, кој требало дури во три ситуации да досуди пенал за Реал, но тоа не се случи.

И додека на ТВ Реал Мадрид детално се анализира секој потег на судијата, тренерот Карло Анчелоти не сакаше да дава никакви критики или анализи на судењето. Стратегот на Реал потенцираше дека не сака да биде како претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, и тренерот на каталонскиот гигант Чави Ернандес, кои во изминативе десетина дена постојано фрлаа „отровни стрели“ кон судиите и се жалеа дека токму арбитрите се највиновни за дел од лошите резултати.

„Јас сум професионалец и како таков нема да се спуштам на нивното ниво и да покажам непочитување кон шпанскиот фудбал. Немојте повеќе да ме прашувате за тоа. Не сакам да се спуштам на тоа ниво каде што нема професионализам. Тоа е сѐ што имам да кажам на оваа тема“, рече Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести