На Анчелоти му треба свежа крв: 18-годишен дефанзивец на Лил е желба на Кралскиот клуб

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ниту во најлошите соништа не можеше да очекува дека во исто време ќе остане без првите тројца централни дефанзивци. На дуелот против Атлетико Мадрид надвор од составот беа Милитао, Ридигер и Алаба.

Токму затоа сега искусниот Анчелоти сака свежа крв во составот на централната дефанзивна позиција, а прв пик е 18-годишниот Французин, Лени Јоро од екипата на Лил. Неговата моментална вредност е 25 милиони евра, а иако е млад, стандардно игра во француското првенство.

- Оглас -

Најнови вести