Кошаркарите на Црвена ѕвезда во неизвесна завршница беа поразени од литвански Жалгирис со 91-93 и речиси ги загубија шансите за пласман во плеј-ин разигрувањето на Евролигата.
Навивачите на белградските „црвено-бели“ буквално збеснаа и за поразот ги обвинија судиите. Тие започнаа да фрлаат кон теренот со се и сешто, се обидоа да дојдат и до судиската тројка, а на крајот буквално го смачкаа заштитниот тунел низ се движат кошаркарите и официјалните лица кон подтрибинскиот простор.