Работнички предводен од Американците Трајс (27 п.,10 ск.) и Де Коузи (21 поен), триумфираше со 92-91 на гостувањето кај Еуроникел во битка за второто место на прволигашката табела.
За тренерот на центарци, Горан Самарџиев, ова беше посебен меч, бидејќи е кавдарчанец и долгогодишен член на Еуроникел (поранешен Фени индустри), па против себе имаше свои некогашни соиграчи и играчи кои ги тренирал.
За Работнички ова е шеста победа по ред, не знаат за пораз во 2024 година и во завршницата на Купот (од четврток до сабота во Битола) влегуваат како едни од фаворитите за трофејот.