Аргентинскиот гигант Ривер плејт убедливо со 3:0 победи на гостувањето кај Депортиво Риестра во првиот меч од четвртото коло во Копа дела Лига. Фаворитот започна сигурно и само по 22 минути стигна до предност од 1:0.
Потегот на мечот се случи 13 минути подоцна, кога беше досуден слободен удар за Ривер плејт, а искусниот Начо Фернандес ја искористи својата снаодливост и успеа да погоди.
Голман на Депортиво Риестра го намести „живиот ѕид“, а потоа, кога требаше да биде фокусиран на противникот, тој реши уште еднаш да провери дали добро ги наместил сопствените фудбалери кои требаше да бранат еден дел од голот.
Во тој момент Начо ја искористи невнимателноста на голманот и веднаш шутираше во спротивниот агол, и тоа максимално прецизно погодувајќи од стативата во голот, додека чуварот на мрежата залудно трчаше да се обиде да одбрани.
Deportivo Riestra 0 – [2] River Plate – Nacho Fernández 35′
byu/lcmrdp insoccer