Голем подвиг на Данецот: Само легендарниот Ањелка е подобар од Хојлунд во Премиер лигата

Данскиот интернационалец Расмус Хојлунд со погодокот против Астон вила влезе во историјата на Премиер лигата како вториот најмлад фудбалер кој успеал да постигне голови на пет натревари по ред. Хојлунд серијата ја започна против Астон вила на Боксинг деј, па стрелаше и против Тотенхем, Вест хем, Вулверхемптон и повторно против Астон вила.

Данецот не успеа да погоди само против Нотингам, но тогаш воопшто и не беше во составот. Најмладиот фудбалер на кому ова му успеало е легендарниот француски напаѓач, Николас Ањелка, кој за Арсенал во 1998 година само со 19 години погоди на пет натпревари по ред. Хојлунд до ваков ефект дојде на 21 година, а пред да ја започне неверојатната серија, на 14 премиерлигашки натпревари немаше постигнато гол.

https://twitter.com/StatmanDave/status/1756732615132905675?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1756732615132905675%7Ctwgr%5E0452d15f916e216765d8b90df3cd645bb5770066%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.tvarenasport.com%2Ffudbal%2Fpremijer-liga%2F20754%2Ffudbal-rasmus-hojlund-pet-vezanih-meceva-strelac-drugi-najmladi-nikola-anelka%2Fnews

- Оглас -

Најнови вести