Анчелоти нема дилеми: Можеше да заврши и нерешено, но тогаш се појави ТОЈ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, е задоволен од победата на гостувањето кај Лајпциг. Кралскиот клуб победи во меч на кој упати само три прецизни удари кон голот на противникот, а еден заврши во мрежата.

На спротивната страна, Лајпциг дури деветпати шутираше во рамките на голот на Лунин, но голманот на гостите секогаш бранеше одлично. Тоа го знае и Анчелоти, кој потенцираше дека ако Лунин не бил во таква форма, на крајот можело да биде и нерешено.

„Да бидам искрен, средбата можеше да заврши нерешено. Лајпциг има добри офанзивни фудбалери и воопшто не беше лесно. Ова беше најдобриот меч на Лунин откако е дојден тука. Што се однесува до Брахим, мислам дека неговата повреда не е сериозна“, рече Анчелоти веднаш по мечот.

- Оглас -

Најнови вести