И ова е НБА: Одиграа четири напади додека играчот лежи на паркетот (Видео)

Дрејмонд Грин важи за еден од најжестоките момци во НБА-лигата, но овојпат тој беше кошаркарот кој го „извлече“ подебелиот крај по еден дуел со Ивица Зупчиќ. Двајцата високи играчи беа во дуел под кошот, кога Грин падна и се пожали на повреда.

Судиите воопшто не реагираа и дозволија нападот на Голден стејт да продолжи. Не само што потоа продолжи нападот на Воините, туку потоа беше дозволено да се одиграат уште три напади (два на ЛА клиперс и еден на Голден стејт). Судиите не ја сопреа играта ниту откако беа постигнати поени, па кошаркарите играа додека Грин лежеше на паркетот.

На крајот, судиите конечно дозволија лекарскиот тим да влезе на теренот и да му укажат помош на нокаутираниот Грин.

https://twitter.com/i/status/1757989021177856384

- Оглас -

Најнови вести