По вкупниот број на трофеи, МЗТ вечерва го надмина Работнички (Фото)

МЗТ Скопје Аеродром вечерва стана најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, според вкупниот број на освоени пехари во самостојна Македонија.

Работнички е клубот кој има освоено најмногу шампионски титули, 15, тие трофеи се најважни, но благодарение на Купот и Суперкупот, МЗТ го надмина својот ривал по број на трофеи.

Во првенството, Работнички има предност во титули од 15-10. Во Купот, МЗТ е подобар со 12-10, а во Суперкупот, МЗТ има шест, Работнички само две титули. Вкупно, има 28 пехари, Работнички еден помалку.

За најкорисен играч на финалето беше прогласен Дамјан Робев од МЗТ.

Решавачкиот кош за 62-60 го постигна Американецот Ејасу Ворку.

Пелистер кој беше организатор на завршниот турнир во Купот, остана без трофеј, а го играше второто куп финале во својата историја.

- Оглас -

Најнови вести