Јаховиќ со непромислен потег заработи црвен картон (Видео)

Адис Јаховиќ со црвен картон го одбележа дуелот меѓу Фенербахче и Коњаспор на кој, во двата тима има македонски играчи. Јаховиќ кој требаше да биде задолжен за да го загрозува голот на Фенербахче, беше исклучен во 33 минута, поради еден непромислен потег. Во една дуел со Садик Цифтпинар, Јаховиќ буквално го прегази противникот. Поради намерно газење на ривалот, судијата му даде директен црвен картон на Јаховиќ.

https://twitter.com/i/status/1096810383459913728

Иако речиси цел час беа со играч помалку, гостите успеаа да останат непоразени. Коњаспор дури имаше и водство со погодокот на Фофана во 36 минута. Фенербахче израмни пред крајот на првиот дел, кога погоди Џаилсон за 1:1. Во второто полувреме немаше погодоци. Кај Коњаспор цел меч го одигра дефанзивецот Леонард Жута, додека Елиф Елмас во игра влезе во 84 минута за Фенербахче, но не помогна домаќините да стигнат до победа.

- Оглас -

Најнови вести