Пет натпревари од кошаркарската Евролига ќе се одиграат вечерва, а за сите нив има богата понуда во Sport Life.
Дербито на вечерта ќе се игра во Барселона, каде што каталонскиот тим ќе го пречека Монако. Барселона се наоѓа на второто место на табелата и со евентуална победа, ќе му приближи на лидерот на табелата Реал Мадрид. Кралевите по синоќешниот пораз имаат учинок 22-5, а Барселона е втора со 18-8 на седум кола до крајот.
Барселона се наоѓа во серија од три меча и вечерва ја има фаворитската улога (1.62), а згора на тоа ја има и традицијата на своја страна. Барселона славеше на досегашните два меча, кои ги играше пред своите гледачи. Во првиот дел од сезоната, Монако оствари убедлив триумф од 91:71.
Интересно е што на овој меч, бекот на Монако, Мајк Џејмс може да стане најдобар стрелец во историјата на Евролигата. Џејмс моментно има постигнато 4.427, додека Василис Спанулис засега е лидер на вечната листа со 4.455 поени. Доколку Џејмс уште вечерва го надмине Спанулис, Евролигата ќе му укаже почит така што мечот ќе биде прекинат за да му се додели признание на бекот на Монако.
Интересен натпревар се очекува да се одигра во Истанбул, и тоа меѓу екипи кои се борат за подобра позиција на табелата пред плејофот. Фенербахче, кој е седми на табелата (15-11), го пречекува тимот на Басконија (14-12), а двата тима се во различна форма. Турскиот тим загуби на последните два меча (Монако и Панатинаикос), додека Басконија славеше над Макаби Тел Авив и Асвел.
Жалгирис нема голем избор, ако сака да остане во игра за пласман во плејофот, вечерва пред своите гледачи мора да го победи Олимпијакос. Жалгирис врза три победи во низа и сега има учинок 11-15, односно има две победи помалку од десеттата Валенсија, додека Олимпијакос е шести со 15 победи во 26 натпревари. Квотата за Жалгирис да изненади и да дојде до четвртата победа во низа изнесува 2.09.
Одлична е понудата и кај кошаркарите.
Освен најпопуларната игра „плус-минус“ поени, за која има избор од 48-мина кошаркари, може да си го пробате знаењето и на асистенции, каде што има избор од 20-мина кошаркари и 23-ца играчи во играта за „плус-минус“ скокови на комплетната понуда.