Мајкл Џејмс вечерва ќе испише историја во Евролигата, предвидена е и свечена церемонија во негова чест (Фото)

Вечерва во Евролигата ќе се одиграат шест натпревари, за сите нив има богата понуда во Sport Life, а сите очи на кошаркарските фанови ќе бидат вперени кој бекот на Монако, Мајк Џејмс.

Џејмс досега во евролигашката кариера постигна 4.444 поени и му недостасуваат само уште 12 за да го надмине Василис Спанулис и да стане најдобар стрелец во историјата на елитното европско натпреварување.

Речиси никој не се сомнева дека вечерва Џејмс против Црвена ѕвезда ќе дојде до 12 поени и ќе успее да испише историја. Евролигата веќе направи протокол што ќе се случува кога Џејмс ќе го надмине Спанулис на вечната листа.

Ако рекордот биде соборен во првата или втората четвртина, натпреварот ќе биде прекинат, а кошаркарот ќе добие топка и ќе биде приредена кратка церемонија со слецијални ЛЕД светла и анимации на големиот екран во салата.

Евролигата има две сценарија ако рекордот биде соборен во третата или во четвртата четвртина.

Ако водството на една од двете екипи биде поголемо од десет поени, тогаш натпреварот веднаш ќе се прекине за на Џејмс да му биде дадено признание.
Ако предноста на екипите е помала од десет поени, тогаш церемонијата ќе се одржи кога ќе се укаже првата можност, односно по првиот прекин на играта.

Лидерот на табелата и актуелен европски шампион, Реал Мадрид, кој загуби на последните два меча, вечерва ќе се вади против Фенербахче. Токму турскиот тим е еден од петте кои досега успеаја да го победат Кралскиот клуб. Вечерва квотите се на страната на Реал Мадрид (1.33).

Одлична е понудата и кај кошаркарите. Освен најпопуларната игра „плус-минус“ поени, за која има избор од 59-мина кошаркари, може да си го пробате знаењето и на асистенции, каде што има избор од 25-мина кошаркари и 31 играч во играта за „плус-минус“ скокови. Комплетната понуда може да ја видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести