Официјално: Лацио се раздели со Сари, познато е кој ќе биде новиот тренер

Маурицио Сари веќе не е тренер на Лацио. Римскиот клуб официјално ја потврди разделбата со стручњакот, а нов шеф на стручниот штаб на Орлите ќе биде Џовани Мартушиело, досегашен помошник на Сари.

Со 65-годишниот Сари на клупата, Лацио го освои второто место во претходната сезона, а сега е деветти со дури 11 бодови помалку од четвртата Болоња, испадна и од Лигата на шампионите.

Не се знае дали Мартушиело ќе го води тимот само на еден-два меча, или до крајот на сезоната. Неговото деби ќе биде против Фрозиноне в сабота вечер. Потоа следува паузата за репрезентативни обврски, корисна за подобра подготовка за двомечот со Јувентус, едниот од Серија А другиот од Купот на Италија.

- Оглас -

Најнови вести