Новинарот на Скај спортс, Роб Харис, сподели информација околу висината на платата на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Според податоците кои ги има Харис, Инфантино добил покачување по реизборот во 2023 година. Неговата основна плата од 2022 година од 1,99 милиони евра била зголемена за 33% на 2,69 милиони евра годишно. Тој исто така доби бонус од 1,93 милиони евра за Светското првенство за жени.
Платата на Инфантино ја одредува тричлена комисија.
До крајот на мандатот во 2027 година, на Швајцарецот ќе му се гарантира основна плата од 2,69 милиони евра, а бонусите ќе зависат од тековните турнири под покровителство на ФИФА.