Нов шок за Куртоа, во солзи го напушти денешниот тренинг на Реал Мадрид

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, оваа сезона сè уште нема забележано ниту еден настап, а кога се очекуваше дека тоа ќе се случи наскоро, следуваше нов шок. Според информациите од Мадрид, голманот на денешниот тренинг заработил нова тешка повреда и во солзи го напуштил тревникот. Според првичните прегледи, се работи за повреда на менискусот и неговото враќање на теренот во моментов изгледа многу далечно. Останува прашањето дали враќањето на терените ќе се случи на почетокот од следната сезона или дополнително ќе се пролонгира.

Тибо Куртоа во Реал Мадрид пристигна од Челзи за 35 милиони евра пред шест години и во моментот на повредата важеше за еден од најдобрите голмани во светот. Белгиецот освен за Реал и Челзи, во својата кариера настапуваше и за Генк и Атлетико Мадрид. За репрезентацијата на Белгија одигра 102 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести