Панатинаикос го доби дербито против Барселона, победувајќи со 89:79 во меч од 31. коло на Евролигата. Каталонскиот гигант одлично го почна мечот и во текот на втората четвртина водеше дури и со 16 разлика (40:24), но кошаркарите на Панатинаикос не се предадоа.
Феноменално второ полуврее одиграа домашните играчи, кои во третата четвртина беа подобри со 26:15, а во решавачката последна четвртина беа подобри со 29:20 и на крајот се радуваа на триумф од 89:81. Грчкиот тим беше предводен од феноменалната атмосфера во салата.
https://twitter.com/i/status/1771282897246224627
Црвена ѕвезда ја прекина низата од шест порази по ред откако во „Штарк арената“ во Белград, Црвено-белите беа подобри со 94:79 над Виртус Болоња.
One and only @MilosTeodosic4 ❤️❤️❤️#kkcz #WeAreTheTeam #CrvenoBelaPorodica pic.twitter.com/ZCfUwYJs3E
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) March 22, 2024
Во останатите мечеви, Монако – Валенсија 79:78, Баерн Минхен – Макаби Тел Авив 74:89 и Милано – Фенербахче 77:76.