Како што наближува завршницата во кошаркарската сезона и се приближува летниот преоден рок, започнаа шпекулациите за можните трансфери, а вистинска бомба „фрлија“ турските медиуми.
Имено, договорот на еден од најдобрите кошаркари во историјата на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин, договорот му истекува на крајот од сезоната и тоа сака да го искористи Фенербахче.
https://twitter.com/ajansfenercom/status/1773317446537028037
Тренерот на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус, планира следната сезона да ја нападне титулата во Евролигата и затоа налето сака екипата да ја засили со неколку екстра квалитетни кошаркари, а прв избор му е токму Ларкин.
Шејн Ларкин од 2018 година настапува за Анадолу Ефес и двапати триумфира во Евролигата со турскиот тим.