Припадници на Министерството за внатрешни работи со поддршка на Јавното обвинителство влегоа во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со цел да се соберат информации за наместени натпревари во професионалните лиги во Македонија, објави Скопје Инфо.
Истрагата е започната по добиените информации и препораки од „Спортрадар“, кое е тело на Интерпол и УЕФА, чија цел е борбата против наместени натпревари.
Според Скопје Инфо, во истрагата се опфатени клубовите Шкупи, Македонија Ѓ.П, Воска, Брера (Академија Пандев), Силекс, како и второлигашите Победа, Арсими.
Станува збор за натпревари кои се одиграни во Македонија и домашните натпреварувања оваа и минатата година.
Целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК.