Реал и Фенербахче се апсолутни фаворити, голема неизвесност се очекува да има во Болоња (Фото)

Вечерва во Евролигата ќе се одиграат три натпревари со кои ќе биде затворено 32-то коло, а за сите нив има богата понуда во Sport Life со по 153 и 154 комбинации за играње.

Може да се игра на конечен резултат, на број на поени, хендикепи, полувреме-крај, број на поени во секоја четвртина, број на поени на секоја екипа посебно, двојни победи и уште еден куп интересни игри.

Првиот натпревар е дуелот меѓу Фенербахче, кој се бори за што подобра позиција на табелата пред плејофот, и последнопласираната Алба Берлин. Турскиот тим е апсолутен фаворит (1.08) и со победа ќе се израмни на табелата со петтиот Олимпијакос (20-12). Германскиот тим ако вечерва загуби, дефинитивно ќе заврши како последен на табелата бидејќи има само пет победи во досегашните 31 натпревар, додека претпоследниот Асвел има два триумфи повеќе.

Голем фаворит за победа е и Реал Мадрид кој пред своите гледачи ќе игра против Црвена ѕвезда (1.10). Кралевите одамна го обезбедија првото место во плејофот, имаат учинок од 25 победи и само шест порази, додека Црвено-белите одамна ги загубија шансите за разигрувањето за титулата (11-20).

Најинтересно се очекува да биде во „Сегафредо арената“ во Болоња, каде што Виртус ќе игра против Панатинаикос. И двата тима го заверија пласманот во плејофот, а поголеми мотиви за триумф има грчкиот гигант бидејќи со победа ќе се израмни со Барселона и Монако на делба на второто место. Виртус пак е осми (17-14) и ќе игра во плејин турнирот за пласман во плејофот.

Во денешната понуда има 38-мина кошаркари за играта „плус-минус“ на поени, како и 15-мина играчи за играта „плус-минус“ скокови, а тука е и понудата за 12-мина кошаркари за тоа колку асистенции ќе остварат.

 

- Оглас -

Најнови вести