Модриќ со ултиматум до Анчелоти, ако не му го исполни барањето, налето ќе си замине од Реал

Лука Модриќ е подготвен да потпише нов едногодишен договор со Реал Мадрид, но само доколку му биде исполнет еден услов, објавија шпанските медиуми.

Според извор близок до управата на Кралевите, Модриќ му поставил ултиматум на тренерот Карло Анчелоти и на тој начин го довел пред свршен чин со кој ќе му ја одреди судбината на Хрватот на „Сантијаго Бернабеу“.

„Ако не играм против Манчестер сити во четвртфиналето во Лигата на шампионите, ќе си заминам на крајот од сезоната“, наводно му порачал Модриќ на тренерот Анчелоти, објави „Дефенса централ“.

Триесет и осумгодишниот Модриќ сезонава повеќе е на клупата за резервни играчи бидејќи Анчелоти ги форсира помладите ѕвезди како Белингам, Чуамени, Камавинга, но против Манестер сити сака да биде на теренот од првата минута. Првиот четвртфинален натпревар во ЛШ меѓу последните два европски шампиони ќе се игра на деветти април.

- Оглас -

Најнови вести