Реал Мадрид и Манчестер сити во вторник ќе играат пред обелени трибини на „Бернабеу“

Навивачите на Реал Мадрид, испратија порака до сите фанови кои ќе се најдат на трибините на „Сантијаго Бернабеу“ во вторник на 9-ти април на мечот со Манчестер сити, на стадион да дојдат облечени во бело.

Со тоа би се направила „снежна“ атмосфера, трибините ќе бидат во бела боја која е препознатлива за најтрофејниот европски клуб кој рекордни 14 пати ја има освојувано европската титула.

Направена е монтажа која отсликува отприлика како ќе изгледаат полните трибини за време на првото четвртфинале од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести