Реал Мадрид го победи Еспањол со 4-1 на домашен терен и дојде на само бод од Барселона, која попладнево гостува кај Виљареал и ќе се обиде да го задржи максималниот ефект, но и да ја врати предноста од четири бода пред „кралевите“.
Навивачите на „каталонците“ се бесни на социјалните мрежи, бидејќи синоќа за Реал беше досуден петтиот пенал во шест меча во новата сезона во Ла Лига, но коментарите од типот „ваков пенал се суди само во корист на Реал Мадрид“ може да се прочитаат за пеналот кој беше досуден над Ендрик, иако очигледно тој беше надвор од шеснаесетникот, па дури ниту ВАР системот не ја оспори одлуката на главниот судија.
Endrick gets fouled outside the box and the referee awards a penalty to Real Madrid😂 pic.twitter.com/Zd43Uy1F4o
— S🕊️🇸🇪 (@8bdrssss) September 21, 2024