Антологиски меч во Мадрид со шест спектакуларни голови, на крајот немаше победник (Видео)

Реал Мадрид и Манчестер сити одиграа без победник 3:3 во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампиони. Двете екипи имаа водство, па губеа и на крајот ремито е само знак дека ќе следува уште еден неизвесен меч на реваншот во Манчестер.

Сити прв се израдува и тоа откако Бернабрдо Силва погоди директно од слободен удар уште во втората минута од мечот.

Овој шок за Реал кратко траеше затоа што Кралскиот клуб многу брзо стигна до пресврт. прво Рибен Дијас си даде автогол, а потоа Родриго погоди на феноменален начин за 2:1, што беше резулта на полувремето.

Во вториот дел, Сити беше тимот кој настојуваше да израмни. Граѓаните имаа фуриозни неколку минути. Најпрво Фил Фоден даде одличен гол од околу 18 метри за 2:2.

Недолго по погодокот на Фоден следуваше и голот на Јошко Гвардиол за водство на Сити од 3:2.

Реал Мадрид сепак не дозволи да загуби пред своите навивачи со евроголот на Валверде стигна до 3:3.

- Оглас -

Најнови вести