Во ЛШ ова се случува четврти пат, а втор пат е кога играат Реал и Сити

Реал Мадрид и Манчестер сити одиграа фантастичен меч кој заврши 3:3 и ќе се памти уште долго време. Низ историјата на Лигата на шампиони, ова е само четврти пат во прв меч од нокаут фазата, да се случи двата тима да постигнат по три или повеќе голови.

Интересно е дека и последниот пат кога имало вакво шоу со по три или повеќе голови на двете страни, се случи на пресметка меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити. Тоа беше пред две години на дуелот во Манчестер кога Граѓаните славеа со 4:3.

Интересно е дека Реал Мадрид прв пат на домашен терен прими три гола со удар надвор од шеснаесетникот во меч од нокаут фаза.

- Оглас -

Најнови вести