Почнува плејоф-лудилото во НБА, на стартот „мириса“ и на едно реми

По завршување на регуларниот дел во НБА-лигата и одиграните 82 кола, останаа 20 клуба кои ќе бидат во трка за освојување на титулата. Плејофот во најсилната кошаркарска лига во светот започнува вечерва со два дуела.

Њу Орлеанс е домаќин на Лос Анџелес лејкерс. Иако Њу Орлеанс ја има предноста на домашен терен, традицијата е на страна на Лејкерси, коишто имаат пет победи во последните шест меча со овој ривал.

Сакраменто е домаќин на Голден стејт во вториот полноќен меч. Двата тима завршија со биланс од 46 победи и 36 порази. Неверојатен е и фактот дека на пет од последните шест дуели на овие два тима било неизвесно до последната секунда. На четири од последните шест дуели, победникот бил решен за еден поен, а еднаш требало да се игра и продолжение. Дури 14.3 е квотата за овојпат да биде нерешено по 48 минути и победникот да се решава во дополнителни пет минути.

 

Во Sport Life има одлична понуда и за тоа кој ќе биде првак за оваа сезона. Прв фаворит е Бостон, а потоа следува актуелниот бранител на тронот, тимот на Денвер. Сите останати клубови имаат двоцифрен коефициент за тоа да бидат шампиони.

- Оглас -

Најнови вести