Јувентус има проблем: Шест од последните седум примени гола се од прекин

Не е само резултатот од 2-0 проблем за Јувентус, Макс Алегри има главоболки поради еден сегмент кој е како Ахилова пета за италијанскиот првак. Во изминатиов период „старата дама“ дозволи голем број погодоци во својата мрежа, некарактеристично за нив, а уште повеќе изненадува фактот што шест од последните седум примени голови се од прекин, при изведување корнер или слободен удар на противникот.

Навистина е чудно, Алегри располага со голем број високи играчи, а Кјелини и Бонучи се сметаат за врвни дефанзивци. Меѓутоа, вината не е само нивна, високи се и Манчукиќ, Роналдо. Всушност, вчера по влегувањето на Емре Џан во игра, речиси сите играчи на Јуве беа 1,85 метри или повисоки, а Атлетико сепак на двапати успеа од прекин да дојде до гол.

Не им оди во полза ниту фактот што Јувентус сезонава сè уште нема постигнато гол при нафрлување од слободен удар, во вкупно 34 натпревари биле неуспешни.

https://www.youtube.com/watch?v=DH_LB0e8j0A

- Оглас -

Најнови вести