Европа ќе добие нов фудбалски првак откако Манчестер сити синоќа беше елиминиран во четвртфиналето од Лигата на шампиониte. Сити загуби од Реал Мадрид, и тоа на пенали со 4:3.
Бернардо Силва и Матео Ковачиќ промашија пенал за Сити и тоа беше доволно за англискиот тим да испадне. По мечот, тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола, имаше само пофални зборови за своите фудбалери, но потенцира дека е разочаран.
Шпанскиот стратег објасни и зошто меѓу изведувачите на пенали ги немаше двете најголеми ѕвезди во тимот, Ерлинг Халанд и Кевин де Бројне, кои беа заменети од игра пред да дојде време за пеналите.
„Прво, честитки за Реал Мадрид. Длабоко од срце морам да им се заблагодарам и на моите играчи поради начинот на којшто играа. Но, фудбалот се игра за победа, се бројат постигнатите голови, а ние не направивме доволно. Кога има пенали, понекогаш победувате, понекогаш губите. Тие се во полуфиналето, ние не сме. Ерлинг Халанд и Кевин де Бројне побараа да бидат заменети бидејќи не можеа да продолжат и затоа ги немаше во пенал-серијата“, вели Гвардиола.
Халанд беше заменет на почетокот на продолженијата во 91-вата минута, а Де Бројне од игра излезе во 112-тата минута.
Комплетната пенал-драма може да ја видите ТУКА.