Собранието на ФФМ во знакот на 30-годишнината од приемот во ФИФА, годината е завршена со плус од три милиони евра

Денеска во хотелот “Хилтон“ во Скопје се одржа редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија кое помина во знакот на 30-годишнината од приемот на ФФМ во ФИФА, а беше презентиран и финансискиот извештај за минатата година.

Вкупните приходи на ФФМ биле 19 милиони евра, повеќе од 10 милиони евра се потрошени како средства добиени од ФИФА и УЕФА за проекти, додека останатите расходи изнесувале околу 6.2 милиони евра, од кои четири милиони биле потрошени за националните селекции. На сметката на ФФМ останаа три милиони евра.

Собранието помина во знакот на 30-годишнината од станувањето на ФФМ на полноправна членка во ФИФА и УЕФА. На 16 јуни 1994 години во Чикаго, САД, тогаш Фудбалскиот сојуз на Македонија и беше официјално примен во семејството на ФИФА како 186-та полноправна членка. Денеска ФИФА брои 212 земји членки.

Токму претставниците на ФИФА, Марион Гават и на УЕФА, Јозеф Климент – УЕФА кои присуствуваа на собранието го честитаа јубилејот на ФФМ.
На Собранието беа присутни 58 делегати од 61.

На собранието беше потврдена одлуката на УО на ФФМ за суспензија на ОФС Струмица во траење од две години.

Собранието на ФФМ започна со една минута молк за фудбалските работници кои починаа изминатата година, а меѓу нив беше и нашиот колега Зоран Поповски.

- Оглас -

Најнови вести