Тухел е оптимист за реваншот со Реал: Одиме на победа во Мадрид

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, изјави дека неговиот тим ќе оди на победа во реванш полуфиналниот дуел во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Синоќа на „Алијанц арената“ во Минхен, Баерн и Реал одиграа 2:2 и одлуката за патникот во финалето на елитното клупско натпреварување ќе падне идната среда на „Сантијаго Бернабеу“, а Тухел е оптимист за тој дуел.

„И понатаму шансите се 50-50, во Мадрид одиме на победа и да го обезбедиме пласманот во финалето кое ќе се игра на „Вембли“. Не е важно дали јас сум тренер кој знае како се победува „Сантијаго Бернабеу“, туку сите да веруваме дека можеше да победиме. „Сантијаго Бернабеу“ е еден најтешките стадиони за да се победи, но убавината на фудбалот е во таквите предизвици. Одиме во Мадрид, победникот носи сè“, изјави Тухел.

- Оглас -

Најнови вести