Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, по средбата со претседателот Жоан Лапорта, одлучи да остане на клупата на каталонскиот тим и следната сезона, и налето планира да направи ремонт на екипата.
Според најавите, само тројца фудбалери се недопирливи и тоа си бисерите на Барселона, Гави, Ламин Јамал и Пау Кубарси, додека на дефанзивецот Роналд Араухо ќе му биде остана можност сам да одлучи за својата иднина.
https://twitter.com/centregoals/status/1785913947226608009
Араухо кој е означен за главен виновник за елиминацијата од ПСЖ во Лигата на шампионите, ќе му биде оставено сам да избере дали ќе потпише нов договор со Барселона или ќе биде продаден на еден од двата гиганти, Баерн Минхен и Манчестер јунајтед, кои се подготвени да платат 70 милиони евра отштета.