Баерн Минхен има нов фаворит за тренер, но ќе мора да плати 30 милиони евра

Раководството на Баерн Минхен мака мачи за да го пронајде заменикот на Томас Тухел за тренерската позиција за следната сезона. Веќе тројца тренери ја одбија поканата од „баварците“. Прв пик беше Чаби Алонсо, кој одлучи да остане на клупата на Баер Леверкузен. Јулијан Нагелсман имаше можност да се врати на клупата на Баерн Минехн, но тој се одлучи да го продолжи договорот со Фудбалскиот сојуз на Германија и да остане селектор. Вистинско изненадување беше негативниот одговор од Ралф Рагник, кој останува селектор на Австрија.

Сега прва желба е тренерот на Бенфика, Рогер Шмит, но ако сакаат да го ангажираат, „баварците“ ќе мора да им платат на португалците 30 милиони евра, со оглед на тоа дека има активен договор со важност до 2026-тата година.

Шмит во својата кариера беше тренер и на германските клубови Делбикер, Минстер, Падерборн и Баер Леверкузен, додека интернационална кариера градеше во австриски Салцбург, кинески Пекинг Гуан и португалска Бенфика. Во својата кариера има освоено 10 трофеи како тренер.

- Оглас -

Најнови вести