Вакво нешто му направија и на Фил Џексон, Лејкерс го отпушти тренерот кој ги однесе во плејоф

Славниот НБА клуб со 17 шампионски титули во најсилната кошаркарска лига на светот, Лос Анџелес лејкерс, го отпушти тренерот Дарвин Хем.

Хем две сезони беше на клупата на Езерџиите, а неодамна искуството од водење на Лејкерс го нарече „двегодишен пекол“. Инаку, тој е првиот тренер по Фил Џексон од 2011 година, кој бил избркан од Лејкерс откако го одвел тимот во плејоф.

И минатата и оваа сезона, Лејкерс се елиминирани од првакот Денвер нагетс.

Како кандидати за клупата на Лејкерс се спомнуваат Мајк Баденолцер (го тренираше Перо Антиќ во Атланта во сезоната кога стигнаа до финале на Истокот), Кени Еткинсон, Џеј Џеј Редик и Тајрон Лу (доколку биде слободен).

- Оглас -

Најнови вести