Тренерите на Реал Мадрид и Баерн Минхен, Карло Анчелоти и Томас Тухел, ги објавија почетните состави за реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите.
„Кралевите“ стартуваат во формациска поставеност 4-3-1-2, што можеби е мало изненадување, бидејќи Анчелоти започнува претпазливо и сигурно нема да нападне од првата минута. Целта ќе биде со засилен среден ред да се спречи противникот да дојде до шанса за гол и така да се неутрализира.
Срединиот ред на Баерн Минхен ќе биде уште позбиен, со оглед на тоа дека Томас Тухел, започнува со формација 4-2-3-1, односно со дури пет фудбалери во средниот ред и со Хари Кејн во нападот.
Првиот натпревар во Минхен заврши нерешено, 2-2.