Несудениот тренер на Барселона ќе седне на клупата на Баерн Минхен?!

Поранешниот селектор на Германија и несуден тренер на Барселона, Ханси Флик, во моментов е најблиску до клупата на Баерн Минхен, откако „баварците“ најверојатно ќе се одлучат да му дадат втора шанса на тренерот кој ги предводеше од 2019-тата до 2021-вата година.

Германските медиуми пренесуваат информација дека планот на Флик е како помошник да го ангажира легендарниот Мирослав Клосе, што наиде на воодушевување кај навивачите на Баерн Минхен, па сега и за нив токму Флик е фаворит број еден.

Баерн Минхен претходно беше одбиен од Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман, Ралф Рангник и Зинедин Зидан, додека Ханси Флик летово требаше да седне на клупата на Барселона, но откако Чави Ернандес се премисли, германецот остана без работа, но се чини дека тоа ќе биде само за кратко.

- Оглас -

Најнови вести