Едно од најреномираните списанија во светот на бизнисот, „Форбс“, традиционално ја објави листата на најплатени спортисти во светот. Во оваа пресметка се собираат финансиите кои спортистите ги заработуваат на теренот, но и надвор од него благодарение на богатите спонзорски договори.
На тронот и понатаму нема промени и лидер е Кристијано Роналдо. Португалецот успеа да ја удвои ланската заработка, па во 2024 година ќе инкасира 260 милиони долари. Заработка поголема од 200 милиони долари се очекува да има и голферот Џон Рам, а третото место е за Лионел Меси, кој ќе има речиси двојно помала заработка од Роналдо (135 милиони долари).
Потоа следуваат Леброн Џејмс со 128,2 милиони долари, Џанис Адетокумбо (111 милиони), Килијан Мбапе (110), Нејмар (108), Карим Бензема (106), Стеф Кари (102), додека листата на 10 најплатени ја затвора Ламар Џексон со 100,5 милиони долари.
Меѓу најплатените 50 спортисти во светот, само двајца има од Балканот. Тоа се Никола Јокиќ со 56,1 милион долари и е на 32-рото место, додека Лука Дончиќ е две позиции подолу со заработка од 55,1 милион долари.
Комплетната листа може да ја видите ТУКА.