Лапорта го отпиша Чави, Германец ќе ја води Барселона од следната сезона?!

Хаосот во Барселона околу тренерското столче продолжува и денеска, и тоа само неколку часа откако актуелниот тренер Чави Ернандес изјави дека е подготвен да ја води и екипата и следната сезона, а сега медиумите пишуваат дека каталонскиот тим наскоро ќе добие нов тренер.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, според шпанските медиуми донел одлука да го отпише Чави и наводно веќе започнал преговори со Ханси Флик. Наводно Лапорта изминатиот викенд ги повикал агентите на Флик за да ги обноват преговорите откако пред неколку месеци првпат седнаа на заедничка маса.

Германецот со Баерн Минхен во 2020 година триумфира во Лигата на шампионите, а на патот до трофејот ѝ нанесе историски пораз на Барселона од 8:2, а потоа беше и селектор на Германија.

 

За разлика од Лапорта, останатите клучни луѓе во управата имаат поинакви желби, потпретседателот Рафа Јусте сака Чави да остане, додека спортскиот директор Деко ги фаворизира Рафаел Маркес и Тијаго Мота.

Според шпанските медиуми, последниот збор ќе го има Лапорта и тој веќе се одлучил Флик да ја предводи екипата од следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести