ПСЖ нема потреба да се откаже од услугите на Нејмар или Мбапе за клубот да биде регуларен според финансискиот фер-плеј, бидејќи тие немаат проблем со тоа. Претседателот на „светците“ ги демантираше тврдењата на одредени медиуми за прекршување на строгото правило и истакна дека секогаш спродедувале трансфери во границите на фер-плејот.
„Не 100%, туку 2,000% остануваат во ПСЖ. Ниту Нејмар ќе го продадеме, ниту Мбапе, и двајцата остануваат во Париз. Многу медиуми, особено тука во Франција, известуваат дека ние мора да продадеме еден од нив двајца за да бидеме регуларни според финансискиот фер-плеј. Можам само да ви кажам дека ние немаме никакви проблеми со тоа, туку напротив, имаме простор да купуваме нови засилувања и пак да бидеме во границите на дозволеното“, истакна Ал-Келаифи.
„Фудбал ликс“ пред извесно време откри документи според кои се тврди дека ПСЖ се обидувале да ги заобиколат правилата на ФФП и да избегнат казна од ФИФА, обвинувања кои Ал – Келаифи ги отфрли. На клубот дури му се закануваше исфрлување од европските натпреварувања, но тоа не се случи, а ПСЖ има голема шанса да се пласира во четвртфиналето од ЛШ, откако по првата пресметка со Манчестер јунајтед има предност од 2-0.