Меѓународниот центар за спортски студии ЦИЕС фудбалска опсерваторија ја објави листата на 100-те фудбалери со најголема вредност. Интересно е дека во Топ 10 има по тројца играчи од Реал Мадрид и Манчестер сити, што доволно зборува за моќта на овие два клуба.
На врвот на листата е Џуд Белингам од Реал Мадрид, чија вредност се проценува на 280 милиони евра. Потоа следува голгетерот на Сити, Ерлинг Халанд со вредност од 255 милиони евра, а трет е уште еден фудбалер на Реал, Винисиус јуниор со вредност од 240 милиони евра.
ТОП 10 ФУДБАЛЕРИ СО НАЈГОЛЕМА ВРЕДНОСТ СПОРЕД ЦИЕС
Џуд Белингам (Реал М.) – 270 милиони евра
Ерлинг Халанд (Манчестер с.) – 255 милиони евра
Винисиус Јуниор (Реал М.) – 240 милиони евра
Родриго Гоес (Реал М.) – 220 милиони евра
Фил Фоден (Манчестер с.) – 203 милиони евра
Букајо Сака (Арсенал) – 195 милиони евра
Жулијан Алварес (Манчестер с.) – 168 милиони евра
Ламин Јамал (Барселона) – 140 милиони евра
Мартин Одегар (Арсенал) – 135 милиони евра
Флоријан Вирц (Баер Л.) – 133 милиони евра