Германскиот интернационалец, Тони Крос, вечерва на „Вембли“ го одигра последниот натпревар во клупската кариера. 34-годишниот фудбалер на најдобар можен начин заминува во пензија, со трофејот од Лигата на шампионите и со асистенција за голот за водство на Реал Мадрид во победата од 2-0 над Борусија Дортмунд.
Карло Анчелоти во 85-тата минута го извади Тони Крос од игра, со цел целиот „Вембли“, но и целиот свет, да му се поклони на големиот фудбалски велемајстор.
You have to be some player to get a substitution send off in a #UCLFinal
What a star Toni Kroos 👏👏👏 pic.twitter.com/AwfMIbAqK2
— Adriano Del Monte (@adriandelmonte) June 1, 2024
Неодамна Тони Крос се фотографираше со сите 22 трофеи кои ги освои со Реал Мадрид, но сега ќе мора да прави нова фото-сесија, бидејќи го освои и 23-тиот трофеј со „кралевите“.