Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар сезоната ја заврши без освоен трофеј, откако шампионскиот пехар остана во Битола кај Еурофарм Пелистер, а Купот на Македонија го освои тимот на Алкалоид. Од Вардар сепак се присетија дека овој период е полн со убави спомени за Црвено-црните.
На денешен ден пред точно пет години Вардар втор пат стана европски првак.
Токму на 2 јуни 2019 година Црвено-црните го повторија успехот од 2017 година кога прв пат беа на континенталниот трон. Дека не се живее само од спомени туку дека се мисли и на иднината, па дури и на освојување на трета европска титула вардарци порачаа преку социјалните мрежи.
„Единствен македонски тим што двапати бил европски првак. Се што ќе се случи двапати – ќе се случи и третпат!“, е пораката од РК Вардар.