Ракометарките на Ѓер го освоија трофејот во Лигата на шампионите откако во финалето во Будимпешта го совладаа Битигхајм со 30-23. Унгарскиот тим се враќа на тронот на Европа, сосема заслужено. Тоа е шести трофеј во Лигата на шампионите за составот на Ѓер.
Ѓер по првиот дел обезбеди предност од пет гола (17-12) и постојано ја одржуваше сѐ до крајот на натпреварот.
Грос и Дале постигнаа по шест гола во победничкиот тим, Солберг имаше дури 16 одбрани, а кај Битихгајм голгетерски најрасположена беше Швеѓанката Хвенфелт со пет постигнати погодоци.
Третото место на завршниот Ф4 турнир му припадна на Есбјерг кој славеше против Мец со 37-33.